Почна реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”

March 7, 2023
1 min read

Општина Кисела Вода вчера започна со реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”.

По завршувањето на зафатот кој опфаќа 5.300m2 ќе се обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучувајќи ги и двата нејзини краци.

– Го подобруваме и паркирањето во овој дел од населбата ,,Цветан Димов”. Покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат отворени џебови за паркирање, додека левата страна ќе биде пешачка зона. Се работи за надминување на проблем на кој жителите долго време се жалеа, бидејќи коловозот беше премногу оштетен, а тротоарите беа целосно окупирани со паркирани возила.

Со силно темпо и во наредниот период продолжуваме да интервенираме на сите оштетени улици во општината кои децении наназад биле заборавени.Продолжуваме да ја градиме Кисела Вода – модерна и инфраструктурно развиена, токму како што заслужуваат моите сограѓани, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Емпаер стејт билдинг во Њујорк е осветлен во црвено-бели бои за жртвите од земјотресот

Следно

Новоизбраниот чешки претседател засега е против испраќање авиони во Украина

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop