Почна музичкиот фестивал Сан Ремо, италијанскиот избор за песна на Евровизија

February 6, 2024
2 mins read

Италијанскиот избор за песна на Евровизија, 74. музичкиот фестивал Сан Ремо, почна денес со свеченото отварање во салата Аристон и ќе трае секоја вечер до 10 февруари кога ќе изберат кој ќе ги претставува во шведскиот град Малме на финалната вечер. Првата евровизиска полуфинална вечер ќе биде на 7 мај, втората на 9 мај, додека финалната вечер е закажана за 10 мај. 

Сан Ремо е познат по тоа што преносот на државната РАИ трае до два часот по полноќ, а покрај одличните настапи на натпреварувачите, секоја година на програмата се нудат одлични музички изведби на домашни и странски ѕвезди. Фестивалот го отвори ланскиот победник Марко Менгони, кој лани на Евровизија ја претставуваше Италија со баладата „Due vite“.

Утревечер на сцената во салата Аристон ќе се појави холивудската ѕвезда Џон Траволта. Директорот на фестивалот Амедео Умберто Рита Себастиани, професионално познат како Амадеус, рече дека Траволта бил поканет благодарение на неговите улоги во филмовите „Треска во сабота навечер“, „Пеколен отпад“ и „Брилјантин“. Токму 69-годишниот актер, според познатиот водител, влијаел на многу генерации да се занимаваат со танцување, а ова ќе биде втор пат талентираниот актер да се најде на сцената на престижниот фестивал. Имено, првиот пат беше пред 19 години кога на сцената и ги масираше стапалата на актерката и водителка Викторија Кабело. Амадеус е водител на сите пет вечери.

На третата вечер, на 8 февруари, на сцената ќе ја видиме холивудската ѕвезда Расел Кроу, а се шпекулира дека ќе настапи како пејач со својот бенд. “Тој е одличен актер, но тој е и одличен блуз изведувач. Обожавам да го слушам”, рекол Амадеус за Кроу.

Други изведувачи кои ќе настапат за време на некои од вечерите се италијанската група Ricchi e Poveri и Gigliolа Cinquetti кои ја донесоа првата евровизиска победа на Италија во 1964 година со песната ‘Non ho l’eta’ и многу други.

Амадеус секоја вечер на сцената ќе биде придружуван од некој друг од светот на италијанскиот шоубиз. Така првата вечер ќе ја води со музичарот Марко Менгони, втората со пејачот Џорџо, третата со комичарката Тереза ​​Манино, четвртата со танчерката Лорела Кукарини и финалето со комичарот Росарио Фиорела.

Годинава пред самото отварање, Амадеус направи фемили фото со сите учесници на фестивалот. Годинава се одбележува и специјален јубилеј, 40 години од победата на тогаш анонимниот пејач Ерос Рамацоти, кој со песната „Ветена земја“ се лансираше во врвот на италијанската, а потоа и светската музичка сцена.

На инаугуративниот ден на Фестивалот, беше преченака и скијачката шампионка Федерика Брињоне, првата италијанска скијачка што го освоила севкупниот Светски куп и 3 специјални купови, како и 3 олимписки медали и 3 светски првенства.

На првата вечер како специјален гостин се појави фудбалската ѕвезда Златан Ибраимовиќ. На првата вечер се претставија сите учесниците на фестивалот, а годинава ги има 30.

Минатата година се одржа фестивалот за дебитанти San Remo Giovani, на кој за учество на годинешниот Сан ремо виза добија пејачката Клара и групите Бнкр 44 и Санта Франчези.

Специјална почест ќе се оддаде на Тот Кутуњо, човекот за кој Сан Ремо беше како негов втор дом, а кој почина минатата година.

Системот на гласање останува ист како и во изминатите години, за сите песни ќе гласаат жирито, медиумите во прес-салата, телевоутин и гласање преку интернет. Победникот ќе биде познат во сабота на големото финале и тој ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизијата на 10 мај во Малме, Шведска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И покрај аферата: Владејачката коалиција во Хрватска го поддржа новиот државен обвинител

Следно

Андоновски: Владата лицемерно зборува за ЕУ фронт, а во пракса „измисли“ 56 нови директори

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop