ПОЧИНА ОСКАРОВЕЦОТ ВИЛИЈАМ ФРИДКИН, АВТОРОТ НА „ФРАНЦУСКА ВРСКА“ И „ИСТЕРУВАЧ НА ЃАВОЛОТ“

August 7, 2023
1 min read

Режисерот Вилијам Фридкин, најпознат по оскаровецот „Француска врска“ (The French Connection) и блокбастерот „Истерувач на ѓаволот“ (The Exorcist), почина денеска во Лос Анџелес. Имаше 87 години. Неговиот последен филм, „Воениот суд за бунтот на Кејн“, со Кифер Сатерленд во главната улога, треба да биде премиерно прикажан на престојниот филмски фестивал во Венеција.

Заедно со Питер Богданович, Френсис Форд Копола и Хал Ешби, Фридкин се искачи на А-листата во 1970-тите, дел од новата генерација енергични филмаџии спремни на ризик. Комбинирајќи го своето искуство во телевизијата, особено во документарниот филм, со најсовремениот стил на монтажа, Фридкин внесе голема енергија во жанровите хорор и полициски трилер во кои се специјализираше.

„Француска врска“ освои неколку Оскари, меѓу кои и за најдобар филм, за режисер и за актерот Џин Хекман и стана камен-темелник за полицискиот жанр на филм и телевизија во наредните години. По славата на „Француската врска“ дојде „Истерувач на ѓаволот“ од 1973, кој заработи неверојатни 500 милиони долари ширум светот и, заедно со „Кум“, ја иницираше блокбастерската ера во филмовите. Тоа му донесе на Фридкин втора номинација за Оскар за најдобар режисер. По неговиот успех со значајните филмови од 1970-тите, Фридкин го сними супериорниот трилер „Да се ​​живее и умре во Л. А.“.

Фридкин имаше забележителни дела и на ТВ како и низа документарци.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандинавците дигаат глас против модерната а грда архитектура

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Словенија четврти ден се бори со поплавите, досега загинаа шест лица

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот

Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план
Go toTop