Скандинавците дигаат глас против модерната а грда архитектура

August 7, 2023
1 min read

Во 2014 година, норвешката архитектонска фирма МАД понудила проект за зграда во Осло кој бил одбиен од локалните агенции и тела зашто се чинел превисок и неусогласен со соседството изградено во  традиционални скандинавски стилови.

Девет години подоцна, истата фирма понудила „стишан“ дизајн за истиот простор, без драмите од оригиналот. Тој бива одобрен.

Скандинавското „Архитектонско востание“ започна во 2014 година како Фејсбук група и е платформа за борба против „континуираното нагрдување“ на нордиските градови и враќање на класичните дизајни. Денес имаат преку 100.000 членови и се важен глас на оние кои мислат дека не само бирократите и архитектите, туку и јавноста треба да се праша во какви населби сака да живее.

Архитектонските востаници досега успеја да сменат неколку значајни проекти во Шведска и Норвешка и наместо модерни да издејствуваат потрадиционални решенија.

„Она што го градиме денес треба да остане што е можно подолго, а за биде така, мораме да создадеме нешто што ќе биде сакано од јавноста, од корисниците“, вели Курт Сингстад од МАД. „Поважно од кога било е зградите да ги сметаат за убави и оние кои не се архитекти или експерти за естетика. Оние од ‘Востанието’ треба да се слушнат, бидејќи тие, исто како и сите други имаат право да имаат чувства или реакции за архитектурата“.

Архитектонското востание доби поширока поддршка и симпатии од  јавноста објавувајќи „Пред и после“ фотографии од кои станува јасно дека модерното не мора да значи и поубаво.

Оние што се по модернистичкото велат дека ставовите на Востанието се реакционерни и политички конзервативни, но овие се убедени дека новите згради не мора да личат на кутии за чевли.

Слични „востанија“ има и во Германија, Естонија, Полска, Холандија, па дури и во САД.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Академик Виктор Фридман добитник на Светската награда на хуманизмот

Следно

ПОЧИНА ОСКАРОВЕЦОТ ВИЛИЈАМ ФРИДКИН, АВТОРОТ НА „ФРАНЦУСКА ВРСКА“ И „ИСТЕРУВАЧ НА ЃАВОЛОТ“

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот

Коњановски: Го менуваме начинот на управување со отпадот во целиот регион

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше на втората работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, на која беше презентирана нацрт-верзијата на Регионалниот план
Go toTop