Почина Јосип Броз, внукот на Тито

June 4, 2025
1 min read

Јосип Броз, внук на Јосип Броз Тито и член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, почина на 78-годишна возраст.

Роден е на 6 декември 1947 година во Белград. Именуван е по неговиот дедо Јосип, но е општо познат по прекарот Јошка.

Имал три години кога неговите родители, Жарко Броз и Тамара Вегер, се развеле, па се преселил со својата помлада сестра Златица да живее со својот дедо, Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка. По основното училиште, прво се запишал во средно училиште, но го повторил првото одделение. Потоа се преселил во инженерското училиште, а на крајот отишол во шумарското училиште во Краљево. Дипломирал на Шумарскиот факултет во Белград.

Некое време работел како шумар и металоделец, а подоцна бил ловџиски придружник на Тито и надзорник на неговите ловишта. Како милиционер во Антисаботажниот вод, тој се грижел за безбедноста на својот дедо сè до неговата смрт на 4 мај 1980 година. Ја продолжил својата деловна кариера како угостител во Белград, каде што ги водел ресторанот „Чубурска липа“ и ресторанот „Тито“.

Се женел четири пати и има синови Небојша и Виктор и ќерка Тамара. Има и внуци Лазар, Лука и Филип.

Јошка Броз бeше пратеник во парламентот. Беше претседател на Комунистичката партија, а до неговата смрт беше претседател на здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“, кое го основал во 2005 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина

Следно

Камбовски: Разрешен е Енвер Беџети, но тој има право на жалба

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop