Почина Алексеј Навални жесток критичар на Путин и истакнат опозициски лидер

1 min read

Почина рускиот опозиционер и жесток критичар на Кремљ, Алексеј Навални. Четириесет и седумгодишниот Навални кој важеше за водечка фигура меѓу опозиција во Русија, почина откако му се слошило во казнената колонија одалечена две илјади километри од Москва, каде издржуваше долгогодишна казна.

Иако брзата помош пристигнала веднаш во затворот, реанимацијата сепак била неуспешна.

„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта.” – велат од Федерална служба за извршување на кривични санкции.

Бурни реакции по срмтта на рускиот опозициски лидер. ОД европската уинија велат дека Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата а одговорноста за смртта на Навални е целосно на рускиот режим..

„За своите идеали, Навални го жртвуваше најскапото. За ЕУ, одговорноста за неговата трагична смрт е целосно на рускиот режим. Борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува.“ – изјави Шарл Мишел претседателот на Европскиот совет.

И државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, директно ја обвини Москва дека е виновна за смртта на Навалани, додека пак Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на сите прашања во однос на околностите кои довеле до смртта на рускиот опозиционер.

„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите за неговата смрт.“ – изјави Столтенберг.

Од Кремљ велат дека рускиот претседател е започзнаен со смртта на Навални и дека во моментов, сите надлежни служби работат на утврдување на причините како настанала смртта на опозиционерот. Од Руското министерство за надворешни работи пак го обвинуваат западот дека без да ги знае сите факти, ја обвинува руската влада дека е виновна за смртта на Навални.

„Форензичкото вештачење е во тек, но заклучоците на Западот се веќе готови.“ – изјави Марија Захарова- портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна откако беше осуден за екстремизам, како и голем број други обвиненија. Уапсен беше на 17 јануари 2021 година по враќањето во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење, за што ги обвини руските власти кои пак негираа вмешаност.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Египет гради ѕид во близина на Појасот Газа, покажуваат сателитски снимки

Следно

Џафери – Шинас: Северна Македонија е конструктивен партнер на ЕУ во областа на миграциите и визната политика

Latest from Blog