По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демократија убедлив победник на изборите во Грција

June 25, 2023
1 min read

Доколку нема промени во резултатите, Нова демократија го има потребното мнозинство од над 151 пратеник за формирање еднопартиска влада. Во парламентот место обезбедуваат осум партии, а меѓу нив и националистичката Спартанци поддржана од осуден поранешен член на Златна зора

По преброени 53,75 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред Сириза со над 20 отсто повеќе гласови и 157 пратенички места. Во парламентот место обезбедуваат осум партии, а меѓу нив и националистичката Спартанци поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција.

Нова демократија добива 40,36 отсто и 157 пратенички места, Сириза 17,8 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 12,59 отсто и 33 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,33 и 20 пратеници.

Потоа следуваат десничарските партии: Спартанци со 4,77 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,63 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,78 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза, Зои Константопулу, со 3,02 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, првпат ќе влезат во парламентот.

Доколку нема промени во резултатите, Нова демократија го има потребното мнозинство од над 151 пратеник за формирање еднопартиска влада.

Излезеноста, според првичните официјални информации, е 50,2 отсто.

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демокартија убедлив победник на изборите во Грција

Следно

Мицотакис по изборните резултати: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Latest from Blog

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop