Мицотакис по изборните резултати: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

June 25, 2023
1 min read

Мицотакис истакна дека гласачите ги отфрлиле „лагите и токсичната атмосфера што го подели општеството“ и вети дека ќе биде премиер на „сите Грци“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и лидер на Нова демократија по победата на партијата на денешните парламентарни избори изјави дека е задоволен од „сигурното мнозинство“ што го освои и вети дека ќе продолжи со клучните реформи со забрзано темпо.

„Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување“,

рече тој, пренесува Катимерини.

Мицотакис истакна дека гласачите ги отфрлиле „лагите и токсичната атмосфера што го подели општеството“ и вети дека ќе биде премиер на „сите Грци“.

Првите официјални резултати покажуваат дека Нова демократија е победник на денешните парламентарни избори во Грција, кои на Мицотакис му обезбедуваат нов четиригодишен мандат. Врз основа на 91 отсто преброени гласови, според податоците на Министерството за внатрешни работи, постои голема веројатност оваа конзервативна партија да има 158 пратеници во 300-члениот парламент.

Тоа е за 20 отсто повеќе од второпласираната партија Сириза на радикалната левица, која победи на изборите во 2015 година и ја водеше земјата до 2019 година, кога загуби од Нова демократија.

Денешното гласање е второ големо во изминатите пет недели, бидејќи никој не успеа да освои мнозинство во парламентот на изборите на 21 мај.

Според сегашниот изборен систем, најдобро рангираната партија врз основа на гласови добива бонус пратенички места, од 20 до 50, во зависност од резултатите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демократија убедлив победник на изборите во Грција

Следно

Ципрас: Ја преземаме одговорноста за резултатите на изборите, следи процес на реконструкција на партијата

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop