По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демокартија убедлив победник на изборите во Грција

June 25, 2023
1 min read

Доколку нема промени во резултатите, Нова демократија го има потребното мнозинство од над 151 пратеник за формирање еднопартиска Влада. Во парламентот место обезбедуваат осум партии, а меѓу нив и националистичката Спартанци поддржана од осуден поранешен член на Златна зора

По преброени 53,75 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред Сириза со над 20 отсто повеќе гласови и 157 пратенички места. Во парламентот место обезбедуваат осум партии, а меѓу нив и националистичката Спартанци поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција.

Нова демократија добива 40,36 отсто и 157 пратенички места, Сириза 17,8 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 12,59 отсто и 33 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,33 и 20 пратеници.

Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,77 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,63 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,78 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза Зои Константопулу со 3,02 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис првпат ќе влезат во парламентот.

Доколку нема промени во резултатите, Нова демократија го има потребното мнозинство од над 151 пратеник за формирање еднопартиска Влада.

Излезноста, според првичните официјални информации е 50,2 отсто.

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Излезните анкети во Грција покажуваат убедлива предност од над 20 отсто на Нова демократија во однос на Сириза

Следно

По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демократија убедлив победник на изборите во Грција

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop