По нецели две години од непријателскиот развод таа се омажи за првиот сосед и пријател забивајќи му ноќ во грб на актерот

October 22, 2025
1 min read

Поранешната сопруга на познатиот актер Кевин Костнер, манекенката Кристин Баумгартнер се омажи за нивниот некогашен пријател и сосед, Џош Конор, по нецели две години од разделбата со актерот.

Тие се венчаа на ранчот Санта Инез во Санта Барбара пред 100 најблиски пријатели и членови на семејствата.

Беше магично, навистина. Местото беше преубаво, но она што го направи посебно е интимноста. Ова не беше некоја голема свадба. Беше автентично, емотивно и сосема нивно. Сите имаа чувство дека присуствувале на нешто драгоцено – изјавил еден од гостите.

За време на давањето на заветите, Кристин носеше фустан од дизајнерката Мира Звилингер, а подоцна бел сатенски фустан на Лили Ход.

Веста за свршувачката на Кристин и Џош се појави во јануари, додека манекенката се раздели од актерот во мај 2023 г., по 19 години брак и три деца. Истата година, Баумгартнер започна врска со финансиерот, 49-годишниот Џош Конор.

Пријателите на парот не беа изненадени од запросувањето на Џош, кое се случи 11 месеци по непријателскиот развод на Кристин и Кевин Костнер, придружен со долги правни спорови околу старателството и алиментацијата.

Костнер и Баумгартнер бараа заедничко старателство над децата. Баумгартнер прима алиментација во износ од 63.209 долари месечно од поранешниот сопруг, што е значително помалку од бараните 165.000 дол. За време на рочиштето во август 2024 г. Кристина тврдеше дека нејзините деца се навикнати на луксузен живот, тврдејќи дека „богатиот животен стил им е во крвта“.

Баумгартнер сакаше порано да го поништи предбрачниот договор за да добие алиментација.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фермин го надмина Меси со вчерашниот хет-трик во ЛШ

Следно

АНАЛИЗА: И по Заев, Филипче: Двајцата со синови бизнисмени од 18 години. Аирлија!

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop