Платите на функционерите го допираат врвот – СДСМ се фали дека од март минималната плата ќе биде 22.500

January 3, 2024
1 min read

реклама


Новата година носи ново покачување на платите на функционерите, овој пат за 400 евра, откако минатата година добија покачување за 78%.

Зголемувањето доаѓа како резултат на зголемувањето на просечната плата, но премиерот Димитар Ковачевски нема да го добие ова дополнително покачување, бидејќи му останале уште 25 дена на оваа функција.

реклама

Од друга страна, од СДСМ се фалат дека во текот на нивното владеење и во 2024 продолжува растот на платите. Според социјалдемократите од март минималната плата во Македонија ќе биде 22 500 денари.

„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на  2016 година“, вели СДСМ.

реклама

Во врска со платите реагираа од Европскиот сојуз за помени (ЕСП) од каде велат, додека функционерите добиваат плус 400 евра, граѓаните добија милост од 2.000 денари.

„Без никаков срам ги лажат граѓаните и ги крадат. Со неодамнешното зголемување, сега повеќето владини функционери ќе имаат плати од 2.500 до 3.000 евра. А замислете, се фалат што ја зголемиле минималната плата на 22.500 денари или околу 370 евра. Има ли поголем срам, има ли поголема изнуда, има ли поголема дволичност од оваа власт и нејзините функционери. Замислете после неколку месеци да излезат да го побараат гласот на граѓаните и бесрамно да кажат; гласајте за нас кои имаме плати од 3000€, а платата на народот е до 370€! Срам!“, порача ЕСП.

реклама

За платите реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека платите се зголемуваат многу бавно, наспроти енормното зголемување на трошоците за живот. Оваа партија ја обвинува власта за погрешни економски политики, поточно зголемување на ДДВ за одредени производи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е последна во регионот по економски раст од 2017 година.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Русија и Украина разменија стотици воени заробеници

Следно

Спасовски пред избори потпиша договор за изнајмување принтери тежок 900.000 евра

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop