Плаќајте во движење со HalkPay и GarminPay

August 15, 2023
2 mins read

реклама



Во свет во кој времето е од суштинска важност, а удобноста е најважна, бесконтактното плаќање претставува најсовремено банкарско решение прилагодено на брзиот животен стил. Ова се должи на неговата практичност и брзина, бидејќи им овозможува на корисниците брзо да купуваат, без да мораат физички да ракуваат со готовина. Со ваквиот начин на плаќање луѓето можат едноставно да ги доближат својот мобилен телефон или бесконтактните кредитни картички на терминалот за плаќање и да ја завршат трансакцијата за неколку секунди.

Најпрактичен начин на плаќање секако е со користењето на мобилниот уред како паричник, што е и побезбедно бидејќи го намалува ризикот од измама и кражба. Мобилните паричници користат напредни безбедносни мерки како биометриска автентикација, што значи дека само вие можете да пристапите до вашите информации за плаќање и со помош на отпечаток од прст. На овој начин, информациите за плаќање се шифрирани и не треба физички да се разменуваат помеѓу клиентот и трговецот, со што се намалува ризикот од компромитирање на информациите. Овој начин на плаќање го револуционизираше начинот на кој луѓето плаќаат за стоки и услуги, а неговата популарност се очекува само да расте бидејќи сè повеќе луѓе ја прифаќаат практичноста на оваа технологија.

реклама

Халкбанк АД Скопје, во духот на денешното динамично време, на своите клиенти им го овозможува ваквиот начин на плаќање со користење на мобилната апликацијата HalkPay, која претставува одговор на рапидното менување на трендовите во поглед на корисничкото искуство. Апликацијата HalkPay е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard или Visa, издадена од Халкбанк АД Скопје. Апликацијата е потребно да се преземе од Google Play Store на паметен телефон со оперативен систем Android.

Место за видео за HalkPay!!!!!!!!

реклама

По инсталирање на HalkPay и потребната дигитализација на картичките, сѐ што треба да направи корисникот кога сака да изврши плаќање е да го доближи својот мобилен уред до ПОС-терминалот. Aпликацијата дополнително овозможува и плаќање со повеќе дигитализирани картички во банката, со тоа што како основна картичка се избира 1 картичка со опција за брзо плаќање (fast payment), а другите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето се избере конкретната картичка. Дополнително, преку апликацијата може да се врши и преглед на трансакциите кои се направени преку HalkPay, а клиентот добива и корисничка поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.

Уште едно иновативно решение на Халкбанк е GarminPay, систем за дигитален паричник кој им овозможува на корисниците на Garmin паметните часовници да вршат бесконтактни плаќања директно од нивниот уред. Овој платежен систем работи така што ги складира информациите од кредитната или дебитната картичка на паметниот часовник Garmin и му дозволува на корисникот само со допир да плати на кој било терминал за плаќање со овозможен NFC. Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. При ваквиот тип на плаќање, потребно е да се внесе лозинка, да се избере картичката со која ќе се врши плаќање и потоа часовникот да се доближи близу читачот на ПОС терминалот.

реклама

Место за видео за GarminPay!!!!!

За да го користат GarminPay, корисниците мора најпрвин да го постават својот дигитален паричник преку мобилната апликација Garmin Connect, која им овозможува да ги дигитализираат своите дебитни и/или  кредитни картички од брендот Visa и/или Mastercard (Visa Platinum, Visa PayWave Electron, Visa Classic, Visa Gold, Visa Paywave Credit, Mastercard Debit Contactless, Mastercard Contactless, Mastercard World) издадени од Халкбанк АД Скопjе и да го активираат GarminPay. Мобилната апликација Garmin Connect може да се преземе од GooglePlay Store на мобилен уред со оперативен систем Android или од App Store за мобилен уред со оперативен систем iOS. По успешно дигитализирање на картичките, корисниците можат брзо и едноставно да платат, користејќи го единствено паметниот часовник Garmin.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија: Приведени тројца бугарски државјани за наводна шпионажа за Русија

Следно

Шефот на руската одбрана ја пофали Кина како „стратешки партнер, добар сосед и лојален пријател“

Latest from Blog

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа

Проданоски: Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува младите и хуманите активности

Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации.

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност бара постојана адаптација на економските политики

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го
Go toTop