Петта меѓувладина пристапна конференција Албанија-ЕУ

May 22, 2025
1 min read

Во Брисел денеска се одржува Петтата меѓувладина пристапна конференцијата меѓу Албанија и Европската Унија, на која треба да бидат отворени преговорите по осум поглавја од Кластерот 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“. 

Според најавите, станува збор за поглавјата 10 – Дигитална трансформација и медиуми, 16 – Даночна политика, 17 – Економска и монетарна политика, 19 – Социјална политика и вработување, 20 – Бизнис и индустриска политика, 25 – Наука и истражување, 26 – Образование и култура и 29 -Царинска унија. 

На претходната Конференција, одржана на 14 минатиот месец во Брисел со присуство на албанскиот премиер Еди Рама, беа отворени 10-те поглавја од Кластерот 2 – Внатрешен пазар.  

На Третата меѓувладина конференција, на 17 декември 2024, Албанија ги почна преговорите по поглавјата 30 – Надворешни односи и 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика од Кластерот 6 – Надворешни односи, а на Втората, одржана на 15 октомври 2024, го отвори Кластерот 1 – Основни вредности. 

Првата меѓувладина конференција, со која го започна преговарачкиот процес и со која беше означен стартот на скрининг процесот, Албанија ја одржа во ист ден со земјава, на 19 јули 2022 година. 

Албанија аплицираше за членство во ЕУ на 24 април 2009 година, по што Европската комисија на 9 ноември 2010 година оцени дека пред официјален старт на пристапните преговорите, земјата треба да постигне поголем степен на усогласеност со критериумите за членство, вклучително и со имплементација на 12-клучни приоритети. 

Во октомври 2012 година, Европската комисија препорача на Албанија да и се додели статус на кандидат за членство, под услов да ги спроведе клучните барања за реформа на судството и јавната администрација и за промена на Деловникот на албанското Собрание.  

Конечно, Албанија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во јуни 2014 година, но стартот на преговорите две години беше блокиран од страна на Грција поради, според тврдењето на Атина, кршење на правата на припадници на грчкото малцинство во земјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Следно

Хрватска донира еден милион евра помош за цивилите во Појасот Газа

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop