Пет новороденчиња ноќеска во Охрид – првото е машко!

January 1, 2024
1 min read

реклама


Во Новата 2024 година Охрид уште на самиот почеток влегува со принова од пет новороденчиња. Нив денеска ги посетија  градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Општа болница Охрид, Асен Шајн.

– Оваа година веројатно ќе биде бериќетна не само за Општина Охрид, туку и за сите жители кои се од Охрид. Имаме пет дечиња во новата година, од кои првото е машко. Денес како Општина тука сме традиционално да им честитаме и да дадеме една поддршка за мајките и новороденчињата. Секако дека ова е несекојдневна ситуација бидејќи имаме пет новородени бебиња, а Општина Охрид според правилникот доделува секогаш на првото новороденче 20 000 денари и  пригодни подароци. Оваа година ќе доделиме ваучери од 10 000 денари и на останатите, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, посакувајќи им здравје и успех.

реклама

Директорот Шајн од своја страна посочи дека провото новородено оваа година на овој свет дошло во 1:54 часот, здраво машко дете тешко 2.730 грама, трето чедо на 27-годишна мајка од Охрид.

– Се надевам дека оваа година ќе биде бериќетна по гледањето на првиот ден од оваа година каде имаме пет новородени бебиња. Посакувам оваа година да биде исполнета со  здравје, позитивна енергија, мир и спокој да си имаат во својата фамилија сите од новороденчињата, да живеат во среќно и  безгрижно детство и на сите им посакувам Новата година да донесе нови успеси, но пред се здравје, изјави тој.

реклама

Инаку, во сега веќе старата 2023 година во Охрид се родени 503 бебиња, од кои 320 женски. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните на Косово од денеска можат да патуваат без визи во земјите од Шенген

Следно

МВР со кривична постапка за Дрин Ахмети – Спасовски: Известено е обвинителството за нашите сомнежи, тие ќе одлучат

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop