Пендаровски покровител на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов

January 20, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година.

Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Македонија, ја поддржа годината во чест на Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.

Програмата за чествување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година: мултимедијална уметничка изложба, омаж на Шопов во рамки на филмскиот фестивал Флипбук, предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов, меѓународно чествување во рамки на Струшките вечери на поезијата, гала претстава, промоција на неговите книги, публикации како и научни собири во негова чест.

Почетокот на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето Шопов, еден основоположниците на македонската современа книжевност, ќе биде одбележано месецов со објавувањето на препев на англиски јазик на избор од поезијата во меѓународното водечко списание за литература Асимптот. Песните се објавени и на македонски, а една од нив може да се слушне во интерпретација на македонскиот актер Никола Ристановски.

Воедно на 23 јануари ќе се одржи и Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе биде целосно посветена на јубилејот.

Во рамки на одбележување на 100 годишнината, а по повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пандов на Фејсбук: На 4 февруар јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе го браниме гробот на Гоце Делчев

Следно

Видео: Пожар во куќа во скопската населба Тафталиџе

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop