Пациентите со цистична фиброза на протест пред Владата

February 4, 2023
2 mins read

Пациенти со цистична фиброза денеска на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се стремат за набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година.

– Изреволтирани сме и разочарани од изјавата на министерот за здравство и на министерот за финансии, се надевавме, баравме исклучително писмен документ во којшто ќе гарантираат дека работите ќе се движат и тоа е се со цел затоа што во минатото сме излажани со усни изјави, и затоа сега не можеме да се потпреме на тоа и не можеме да бараме од пациентите повторно, после две и пол години, се уште да го одложиме процесот и да чекаат дека нешто ќе се среди, да се потпреме на тоа дека надлежните се одредени личности кои се држат до нивниот збор, рече вчера Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната прес-конференција.

Тој најави дека ќе го одржат протестот денеска во 12 часот пред Владата и ги повика сите граѓани кои сакаат, да ги поддржат, се со цел, како што вели, да го добијат правото на лек и да се забрза носењето на сите закони кои се потребни.

– Да сфатат дека ние време за чекање немаме. Правните работи се нивна обврска, обврска на надлежните и се надевам дека ќе ги решаваат брзо. И после протестот ќе продолжат инсистирањата, ќе продолжат официјалните барања до Министерството за здравство, до Министерството за финансии, до Фондот и до Владата да има решение, но затоа апелирам до сите вас кои не поддржувавте, утре бидете со нас, за да можеме да покажеме дека за нас само усните ветувања не се доволни, рече Гаспар.

Ивана Атанасовска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза, повика надлежните да ја сфатат нивната состојба.

– Јас би сакала да порачам надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка цевче да дишат и низ неа и да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниеден живот нема да биде загрозен. Се зголемува бројот на пациенти со влошена состојба посебно заради вакви работи кои дополнително ни го влошуваат здравјето со стресови – дали ќе има одлука, дали ќе нема одлука, па делумна одлука и сето тоа влијае колку на психичкото толку и на физичкото здравје. И имаме пациенти кои се веќе постојано на кислородна поддршка, но тој број постојано ќе се зголемува затоа што времето нас не ни оди во прилог, рече таа.

Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Министрите за здравство Сали и за финансии Бесими вчера одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот.

Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а стремежите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година.

Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти. Ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието.

– Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот,  изјави Сали.

Министерот Бесими, пак, најави дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот, бидејќи е скап.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

По најавите за снег: Зимските служби на терен во Гази Баба

Следно

САД и Канада се зафатени од поларен студ, се очекуваат температури до -51 Целзиусов степен

Latest from Blog

Зеленски: Се согласувам со Урсула фон дер Лајен дека санкциите против Русија треба да се заострат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека се согласува со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека санкциите против Москва мора да бидат заострени сè додека Русија одбива мировни преговори.

Андоновски: Дигитализацијата e основна алатка за борба против корупцијата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ. Андоновски говореше за проектот за 55.000 ваучери од 15.300 денари за студенти, за кој досега

Песков: Нема ништо поважно од процесот на решавање на украинскиот конфликт

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека во моментов се вложуваат сериозни напори за постигнување мирно решение за ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека нема ништо поважно од тоа. Во интервју

Проф. д-р Кузмановска: Tрансплантацијата на корнеа во јавното здравство – голем исчекор во медицината и офталмологијата во државата

Имаме голем исчекор за нашата медицина воопшто, за нашата офталмологија и за нашата трансплантологија. Со години во Македонија не била правена кератопластика, како што се нарекува стручно трансплантацијата на корнеа, во јавното
Go toTop