По најавите за снег: Зимските служби на терен во Гази Баба

February 4, 2023
1 min read

По најавите за намалување на температурите и можни врнежи од снег од 04.00 часот утринава, кризниот штаб на општината заедно со ЈКП Гази Баба се на терен.

На коловозите во населените места Црешево, Булачани, Раштак, Смилковци и Виниче кои се во повисокиот дел на општината е фрлено сол и ризла со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

– Општина Гази Баба е подготвена да се справи со сите предизвици кои ги носи зимскиот период. Им благодарам на членовите на кризниот штаб и ЈКП Гази Баба за нивната посветеност во насока на обезбедување на нормално функционирање на сите делови од општината за време на зимскиот период. Склучивме сојуз со граѓаните и наша обврска е да создадеме услови за граѓаните да можат непречено да ги реализираат своите обврски, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денеска се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев – МВР на готовс,

Следно

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Владата

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop