Партијата на Албин Курти, партнер на ЕСП – Самоопределување на изборните листи во Македонија

December 24, 2023
1 min read

реклама


Албанската опозиција, Европскиот сојуз за промени од денеска се состои од четири партии. На коалицијата меѓу Демократското движење, Алтернатива и Движење Беса, како партнер се придружи Движењето за Самоопределување, соопшти, Изет Меџити.

Советникот на косовскиот премиер за Македонија, Беким Ќоку, рече дека причината зошто Самоопределување и помага на албанската опозиција е да донесе промени со цел да исчезнат коруптивните политики и да се елиминира дискриминацијата на Албанците.

реклама

„Ние бевме принудени да станеме дел од оваа промена и се надеваме дека оваа промена ќе дојде. Ги поканувам и другите политички партии, невладиниот сектор, отворена покана испраќам и до АА да им се придружи на овие промени бидејќи и јас како екс член на оваа Алијанса го чувствувам и познавам менталитетот и албанскиот дух на Алијанса и знам дека местото и е тука“, вели Беким Ќоку.

Ова го кажа за време на отворањето на заедничката канцеларија на коалицијата ЕСП на плоштадот Скендербег во Скопје, каде беа и лидерите на Беса и Алтернатива кои рекоа дека е убедени во победа на изборите.

реклама

„Велат дека по секоја темна ноќ доаѓа зора и по секоја зима доаѓа пролет, јас сум убеден дека на 8 мај ќе дојде пролет и за нас Албанците. Да прославиме на 8 мај, ве поканувам, од вечерва на 8 мај овде да прославиме заедно“, порача Африм Гаши.

„Ние нема да бидеме во влада каде симболично ќе се бориме за позиции туку ќе бидеме во влада која ќе им служи на граѓаните со цел РСМ да им служи на граѓаните колку и на Македонците“, порача Биљал Касами.

реклама

Беше најавено дека вакви заеднички канцеларии на коалицијата ЕСП ќе бидат отворени и во други градови.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Протест на опозицијата во Белград, обид за влез во Градското собрание

Следно

Нема никаква револуција, рече Вучиќ по обидот за влез во Градското собрание

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop