Палестинците во Газа ги ризикуваат животите за малку хуманитарна помош поради израелските напади

July 4, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Израелските сили отворија оган врз цивилите што чекале хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Инцидентот се случи во областа Кан Јунис, каде што голем број граѓани се собрале пред хуманитарен пункт за да добијат вреќи брашно и други основни продукти, кои се дел од помошта што се распределува во енклавата погодена од воениот конфликт.

Во нападот се убиени најмалку петмина Палестинци, а повеќемина се повредени.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува геноцидна војна во Газа, во која се убиени повеќе од 57.100 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полициски службеник призна дека сторил проневера во служба

Следно

Почетокот на Европското првенство Б-дивизија започна со убедлив пораз на Јуниорките

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop