Овации за нашиот маестро: Симон Трпчески блесна на грчкото оркестарско деби во Солун

June 11, 2023
1 min read

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа сабота, 10 јуни ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Во Церемонијалната сала на Универзитетот Аристотел под диригентската палка на маестро Милтос Логиадис, на програмата, освен дела од Респиги и Стравински, беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов. Топлиот прием од грчката публика, Трпчески го награди и со изведба на бис.

Грчкото оркестарско деби на нашиот пијанист се надоврза на серијата концерти која само во последниве 2 месеца го одведе на престижни сцени во Соединетите американски држави и Шпанија, регионално во Сараево и Љубљана, а во Женева настапи во ѕвездената камерна комбинација со најголемиот жив виолинист Максим Венгеров и еден од најпознатите виолончелисти на својата генерација Стивен Исерлис. Швајцарските медиуми се натпреваруваа во делењето критичарски ловорики за тројцата врвни инструменталисти кои, на пример според „Л Тамп” ја одушевија публиката во салата „Викторија”. Критичарката Силви Боние својата зашеметеност од воодушевувањето по концертот вчудоневидено ја претставува низ дилемата „како дружењето на ова никогаш како постојано неоформено трио резултира во преседан чиниш отсекогаш сензибилитетите на тројцата уметници се усогласени во фузија што допира”, споредувајќи ја нивната изведба со „звучен и емотивен земјотрес со амплитуда од 100 степени” што ќе остави „неизбришлив спомен за најдоброто што може да се понуди“.

Ваквите суперлативи и синоќешниот прием се секако дополнителна инспирација плус за нашиот пијанист чија концертна тура наредниот месец освен настапите со МАКЕДОНИСИМО на фестивалите во Дојран, но и во Литванија и Германија, продолжува и во Љубљана со Словенечката филхармонија и диригентот Васили Петренко и во Осор, Хрватска со Загрепските солисти.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катарскиот тим Ал-Сад му нуди на Модриќ двегодишен договор

Следно

Киргистан: Осудените за корупција ќе мора да вратат од пет до 10 пати повеќе од украдената сума

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

ВЛЕН: Милиони евра од буџетот завршиле кај лица и фирми поврзани со ДУИ

Коалицијата ВЛЕН обвини дека милиони евра од државниот буџет завршиле кај лица и компании поврзани со раководството на ДУИ, оценувајќи дека со години се злоупотребувале јавни средства преку контроверзни договори и проекти.
Go toTop