Киргистан: Осудените за корупција ќе мора да вратат од пет до 10 пати повеќе од украдената сума

June 11, 2023
1 min read

БИШКЕК (АА) – Претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, изјави дека лицето што е осудено за корупција ќе мора да врати од пет до 10 пати повеќе од украдената сума, а некои дури никогаш нема ни да можат да излезат од затвор, пренесува Анадолу.

Џапаров на својот профил на социјалните мрежи истакна дека е заострена казната за корупциски кривични дела и додаде дека сака последен пат да ги предупреди државните службеници за корупција.

Тој истакна дека Киргистан во минатото не можел да се развива поради големата корупција.

„Нема да можете повеќе да се занимавате со корупција. Ве предупредив сите претходно и повторно ќе ве предупредам. Отсега луѓето ќе мора да враќаат од пет до 10 пати повеќе од украдената сума, а не двојно повеќе. Никогаш нема да можете да излезете од затвор. Немојте да кажете дека не ве имам предупредено.“

Претседателот Џапаров посебно ги предупреди за корупција државните службеници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овации за нашиот маестро: Симон Трпчески блесна на грчкото оркестарско деби во Солун

Следно

Изборите во Црна Гора засега со помала излезност од претходните – и Милатовиќ и Ѓукановиќ очекуваат брзо формирање нова влада

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop