Оваа несреќа Чолиќ никогаш нема да ја заборави: Обожавателка со нож ја нападнала неговата сопруга

January 8, 2024
1 min read

Здравко Чолиќ со децении е еден од најпопуларните пејачи на Балканот.  За жал, таму каде што има популарност, понекогаш доаѓаат и проблеми.

Чола со години важеше за голем заводник, а имаше и голем број женски обожаватели. Пред многу години се случи инцидент на кој пејачот и ден денес се сеќава.

-Имам поминато и доживеано многу во мојот живот. Еднаш обожавателка ја нападна мојата сопруга со нож и го расече нејзиното лице. Сандра се тргна, но оваа малку ја фати, за среќа без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште го паметам до ден-денес. Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира јавно, не е таков тип и мислам дека сопругата и децата треба да бидат подалеку од очите на јавноста, изјави Чола во едно интервју.

Тој, исто така, смета дека е некаква среќа во несреќа што неговата законска сопруга не е љубоморна и драмата завршила многу брзо.

-Мојата сопруга реагираше како што треба. Таа ја разбира мојата работа,  објаснил пејачот.

Инаку, Здравко и Александра Чолиќ се во брак од 2001 година, а заедно добија две ќерки – Уна и Лара.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тажна вест во фудбалскиот свет: Почина Франц Бекенбауер

Следно

Папата бара забрана на сурогат мајчинството

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop