Оваа категорија на граѓани од општина Аеродром нема да плаќаат градинка за своите деца

March 9, 2023
1 min read

Родителите од општина Аеродром од социјално загрозени семејства нема да плаќаат градинка за своите деца. 

На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираше дека оваа мерка е уште една во низата политики за помош на семејствата.

– Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми.“, нагласи Муцунски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ФБИ: „Кина преку ТикТок може да ги контролира податоците и софтверите во уредите“

Следно

Битиќи: Добро е што успеавме да издаде еврообврзница од 500 милиони по пониска цена од другите

Latest from Blog

Фото: Семејството и пријателите се збогуваат со Џорџо Армани: Ќе биде погребан покрај родителите и постариот брат

Славниот Армани почина минатата недела на 91-годишна возраст, а неговиот погреб се одржа во семејната капела во Ривалта, во близина на Пјаченца, родниот град на големиот Армани. Според желбите на Џорџо Аермани, неговото тело ќе

Александар ја донел жената и ќерката од породилиште и веднаш забележал дека бебето не личи на нив – ДНК тестот му донел кошмар

Семејството Кардинале брзо забележало дека нивната ќерка не личи ниту на таткото, ниту на мајката. Станале сомнителни, но не можеле ни да сонуваат каква болна реалност ќе покажат резултатите. Многу солзи, многу

Гатузо: Ова е најлудиот меч откако сум тренер

Репрезентацијата на Италија синоќа на неверојатен начин успеа да слави на гости кај Израел во рамките од Мундијалските квалификации со конечен резултат од 4:5. Голеадата доживеа „врв“ во последните десетина минути од

Тарт со модри сливи

Овој домашен тарт со модри сливи е едноставен, но богат со вкус и арома. Класична комбинација на нежно тесто и карамелизирано овошје, зачинета со цимет и ванила. Одличен избор за попладневно кафе
Go toTop