Тарт со модри сливи

September 9, 2025
1 min read

Овој домашен тарт со модри сливи е едноставен, но богат со вкус и арома. Класична комбинација на нежно тесто и карамелизирано овошје, зачинета со цимет и ванила. Одличен избор за попладневно кафе или семејна трпеза.

Состојки:

110 грама путер (или маст)
110 грама шеќер
1 јајце
1/3 кесичка прашок за печиво
Малку сол
Кора и сок од 1/2 лимон
300 грама брашно
400 грама модри сливи (пресечени на половина)
Малку шеќер (по вкус)
Малку цимет

За посипување:
Шеќер во прав со мирис на ванила

Подготовка:
Подгответе калап за тарт или тава. Премачкајте со малку путер и набрашнете го лесно. Може да користите и калап со отстранливо дно, но тогаш задолжително ставете го во поголема тава (на пример од рерната), бидејќи сокот од овошјето може да протече.

Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото, освен брашното. Измешајте ги со дрвена лажица, па додадете околу 200 грама брашно и продолжете со месење рачно. Потоа извадете го тестото на работна површина и месете додека не добиете средно меко и мазно тесто, постепено додавајќи го преостанатото брашно по потреба.

Измазнете го тестото со сукало и префрлете го во калапот. Распоредете го со прсти, така што да биде со приближно иста дебелина насекаде. Не мора да биде совршено – домашниот изглед му дава посебен шарм.

Врз тестото наредете ги половинките сливи, со пресечената страна нагоре.

Посипете ги сливите со малку шеќер и цимет. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 25–30 минути, или додека тестото не добие златно-кафена боја.

Кога тартот ќе се излади, наросете го со шеќер во прав со ванила. Послужете самостојно или со сладолед по желба.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работна посета на министерот Муцунски во Стразбур

Следно

Гатузо: Ова е најлудиот меч откако сум тренер

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop