Александар ја донел жената и ќерката од породилиште и веднаш забележал дека бебето не личи на нив – ДНК тестот му донел кошмар

September 9, 2025
1 min read

Семејството Кардинале брзо забележало дека нивната ќерка не личи ниту на таткото, ниту на мајката. Станале сомнителни, но не можеле ни да сонуваат каква болна реалност ќе покажат резултатите. Многу солзи, многу прашања, но животот на крај сепак им се оддолжил за сета неправда што ја почувствувале.

Александар и Дафна Кардинале во 2019 година добиле ќерка, која ја нарекле Меј, не знаејќи дека всушност го одгледувале детето на друг пар. Месеците ја сметале за своја, сè додека ДНК тест не открил дека нивните ембриони биле заменети со ембриони од друг пар.

Во исто време, другиот пар ја одгледувал биолошката ќерка на семејството Кардинале, Зои, како своја. Кога ДНК тестовите го потврдиле вистинското потекло на децата, семејствата одлучиле да ги заменат ќерките за секое дете да биде со своите биолошки родители, пренесува „Дејли Мејл“.

Фото: Принтскрин/  Youtube Kate Knows

 

Блиска врска по замената

Од замената наваму, семејствата, кои живеат на само десет минути растојание, останале во блиска врска. Сега се сметаат за „споено семејство“, а родителските надлежности ги делат сите четворица над двете деца, бидејќи двата пара сакале да останат дел од животот на наследничките кои ги одгледувале во првите месеци од нивниот живот.

„Никој не може да ви даде совет за ваква ситуација. На крај едноставно се собравме, ние четворицата, и вистински благослов е што сите имаме ист став. Оттогаш секоја празнична прослава и роденден ги поминуваме заедно. Станавме едно семејство“, рекол Александар.

Девојчињата оделе во исто градинка и посетувале часови по балет за да поминуваат повеќе време заедно. Денес организираат чести заеднички игри, а семејствата дури формално го обележале своето заедништво со церемонија предводена од истиот пастор кој ги венчал Александар и Дафна.

Сомнеж за замена на децата

Семејството Кардинале инаку побарало ДНК тест откако посомневале дека нивната новородена ќерка не личи ниту на еден од родителите. Кога тестовите ги потврдиле нивните сомнежи, се обратиле на клиниката преку адвокат. Клиниката потоа стапила во контакт со другиот пар.

По неколку тешки средби, паровите одлучиле дека е исправно да ги заменат ќерките за секое дете да биде со своите биолошки родители.

Семејството Кардинале на крај поднело тужба против клиниката за вонматерична оплодување, наведувајќи медицинска негрижа, повреда на договор и невнимание. Случајот бил решен со вонсудско порамнување во 2022 година, за да се избегне нивната постара ќерка Оливија да мора да сведочи.

Деталите од порамнувањето не се објавени, но адвокатот на клиниката за „Њујорк Тајмс“ изјавил дека страните се „пријателски договор“, пренесува Блиц Жена.

iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fphoto.php%3Ffbid%3D10213433908077909%26set%3Da.10203512994701275%26type%3D3&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”601″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”>

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен

Следно

Фото: Семејството и пријателите се збогуваат со Џорџо Армани: Ќе биде погребан покрај родителите и постариот брат

Latest from Blog

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на
Go toTop