Откупените текстови на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и на Мики Душански јавно се достапни на интернет-страницата на МТФ „Војдан Черднодрински“

June 29, 2023
1 min read

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп денеска ги постави на својата интернет-страница трите откупени текстa на конкурсот што го распиша Министерството за култура, во соработка со театарскиот фестивал. Станува збор за текстовите „Бреме“ на Мила Јовановиќ-Миленковиќ и „Измислена приказна“ и „Не застанувај продолжи понатаму: Лукавиот“, и двата од Мики Душански.

Идејата на конкурсот беше да се збогати домашното драмско творештво, но и да се влијае на поттикот овие текстови да бидат поставени на националните театарски сцени каде наголемо недостига домашната драма. Еден од најважните заклучоци на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, што се реализираше од 9 до 16 јуни во Прилеп е дека треба што повеќе да се фокусираме токму на новата македонска драма и нејзиното оживување на театарските сцени.

Пријавените 48 текстови ги оцени комисија од компетентни членови, кои за време на траењето на конкурсот беа анонимни. Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка.

За комисија за откуп беа избрани: Маја Стевановиќ, професор на ФДУ, драмски автор и драматург, Нина Николиќ, театарска режисерка и Васил Михаил, актер, драмски автор и режисер.

Министерството за култура на авторите на македонските драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, обезбеди авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Смешна понуда од Саудиска Арабија: Само 300.000 евра за Енис Барди, Трабзон веднаш ги одби

Следно

Сите живи американски претседатели потекнуваат од семејства на робовладетели

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop