Откриен споменик со ликот на Шакира во Колумбија

December 28, 2023
1 min read

реклама


Пејачката Шакира е овековечена со статуа која беше откриена во нејзиниот роден град Баранкиља во Колумбија. Бронзено-алуминиумскиот споменик висок 6,5 метри ја прикажува поп-ѕвездата во едно од нејзините препознатливи танцови движења со рацете над главата и марама врзана околу половината.

„Колковите што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги допира масите“, гласи натписот во основата на скулптурата.

„Им благодарам на скулпторот Ено Маркез и на учениците од околното уметничко училиште за оваа илустрација и за големата уметничка дарба на луѓето од мојата земја“, напиша Шакира на „Х“.Обележјето е откриено со свеченост на бреговите на реката Магдалена во Баранкиља, во северна Колумбија, во присуство на родителите на пејачката.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убавото време го подрасчисти воздухот во Скопје

Следно

Дали идеите вредат да се положи животот за нив, или не?, прашува Венко Андоновски во „Падот на Масада“ чија премиера е вечерва во Драмски

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop