Откако повторно колабираше: Ериксен ќе престане да игра фудбал!

June 8, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/herrelandsholdet/

Вториот колапс на Кристијан Ериксен во Оденсе синоќа најверојатно ќе биде причина за крајот на импресивната кариера на 34-годишниот играч од средниот ред, тврди авторитетното данско издание „Болд“. Како што е објавено, инцидентот со познатиот фудбалер се случил во 64-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, кој потоа беше прекинат. Колапсот на Ериксен на теренот застрашувачки потсетуваше на она што се случи пред пет години на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, кога доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на Европското првенство, по што му беше поставен пејсмејкер.

Според лекарот на репрезентацијата Мортен Бозен, тој брзо се освестил и потоа сам го напуштил теренот.

„Кристијан многу брзо се освести. Зборуваме за секунда. И беше сосема нормален, како и обично“, објасни лекарот, кој беше најблиску до играчот за време на првиот напад на Ериксен во 2021 година.
„Желбата на Кристијан беше сам да го напушти теренот. Можеше да го направи тоа бидејќи го имавме под целосна контрола. Кристијан сакаше да се поздрави со своето семејство“, објаснува Мортен Босен, кој признава дека Кристијан Ериксен бил потресен по инцидентот.

Инаку Ериксен во меѓувреме им се заблагодари на сите оние кои што се грижат за него, рече дека оваа ситуација не е истата како таа во 2021 и дека сега е време за одмор со семејството.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин доби ултиматум од Европа

Следно

За Петровска техничката влада е неопходна до влез во ЕУ

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop