Осуда од Белата куќа за нуклеарната реторика на Путин

1 min read

Коментарите од американска страна доаѓаат откако Путин денеска рече дека Русија „теоретски“ може да користи нуклеарно оружје доколку постои закана за нејзиниот територијален интегритет или опстанок

Белата куќа ги осуди коментарите на рускиот претседател Владимир Путин за можна употреба на нуклеарно оружје.

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Далтон, одговарајќи на новинарски прашања ја потврди посветеноста на САД на принципот на НАТО за колективна одбрана.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така, рече дека нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

Коментарите од американска страна доаѓаат откако Путин денеска рече дека Русија „теоретски“ може да користи нуклеарно оружје доколку постои закана за нејзиниот територијален интегритет или опстанок, но дека нема потреба од тоа.

„Нуклеарното оружје беше развиено како гарант за нашата безбедност во најширока смисла на зборот и за опстанокот на руската држава, но ја немаме таа потреба да го употребиме,

рече Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. 

Путин рече дека Русија веќе ја има стационирано првата серија тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, пренесува Би-би-си.

Путин додаде дека пренесувањето на тактичките нуклеарни боеви глави ќе биде завршено до крајот на летото.

Одговарајќи на прашања по говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека потегот е за „задржување“ и за потсетување на секој што „мисли да ни нанесе стратешки пораз“.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Големи штети по излевањето на реките Крива и Киселичка: Поплавени домови, отсечено село, однесени пешачки мостови

Следно

„Ако не помине нашиот, нема ни вашите“ – како оди „пазарот“ во Судскиот совет

Latest from Blog