Остри реакции по вчерашниот руски напад врз Украина

April 14, 2025
1 min read

Подмолен и кукавички напад врз цивили. Меѓународната заедница излезе со остри реакции по рускиот напад врз украинскиот град Суми во кој загинаа најмалку 32 луѓе а речиси сто се повредени.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија за „очигледно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот Трамп“. – Потребни се силни мерки за да се наметне прекин на огнот врз Русија, рече тој. Опишувајќи го нападот како „варварски“, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна:

„Русија беше и останува агресор, во очигледно кршење на меѓународното право. – Итно се потребни силни мерки за да се наметне прекин на огнот.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е згрозен од нападот врз Суми, додека германскиот канцелат Шолц изјави дека ваквите руски напади покажуваат што значи наводната желба на Русија за мир. Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша ракетниот напад во Суми како „ужасен“, но не ја осуди експлицитно Русија. 

– Мислам дека е ужасно. Бев информиран дека направиле грешка. Но мислам дека тоа е ужасна работа. – Доналд Трамп претседател на САД.

Нападот доаѓа во време кога САД, најсилниот воен сојузник на Украина, се обидуваат да стават крај на војната, која влезе во четврта година. Специјалниот пратеник на Трамп за Украина, пензионираниот генерал-потполковник Кит Келог, рече дека нападот ја преминал „секоја граница на пристојност“.

Официјална Москва нема коментар за нападот, и од Кремљ само порачуваат дека Русија не таргетира цивилни цели. Претходен руски ракетен напад, на 4 април, уби 20 луѓе и повреди 61 во градот Криви Рих. Тогаш, руското Министерство за одбрана соопшти дека целта била состанок на „командири на единици и западни инструктори“ во ресторан, но не беа обезбедени докази за тие тврдења.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочанскиот суд ги разгледува жалбите на последно приведените за случајот со пожарот во „Пулс“

Следно

Капиталните инвестиции во застој, реализација од само 9% за три месеци

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop