Кочанскиот суд ги разгледува жалбите на последно приведените за случајот со пожарот во „Пулс“

April 14, 2025
1 min read

Тече жалбената постапка за новоосомничените за трагедијата во Кочани, за кои Кочанскиот суд им одреди притвори и мерки на претпазливост. Од судот соопштија дека до нив се поднесени 6 жалби за определување мерки за обезбедување.

Во зависност од делата за кои се товарат, за 24 односно 72 часа – заклучно од вчера ќе заврши рокот за жалба. Меѓи поднесените жалби е и таа за Министерот без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Сали – за кој судија на претходна постапка одреди ефективен притвор. 

Во земјава денеска се врати и актуелниот македонски амбасадор во Норвешка, кој се товари за пропусти додека раководел со Министерството за економија. Од обвинителството денеска посочија дека за него се бараат мерки за обезбедување на присуство, додека се води постапката. Тој е последниот 19-ти осомничен во проширената истрага.

„Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен на кого беше проширена истрагата за пожарот во кочанската дискотека ‘Пулс’“, вели Обвинителството.

Во меѓувреме министерот Тошковски изјави дека никој нема да биде поштеден во истрагата, вклучувајќи го и неговото министерство.Веќе има осомничени полициски службеници, но можно е истрагата да продолжи и за други вработени во министерството, дополни Тошковски. 

Во новите осомничени за трагедијата во Кочани, се актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами како и поранешнио Аднан Џафероски. Осомничени се и претходниците на Крешник Бектеши, поранешните министри за економија Ваљон Сарачини, Беким Незири и Дритон Кучи. 

Во истрагата се најдоа 2 државни секретари и тројца  службени лица во Министерството за економија како и  6 инспектори од пазарниот и градежниот инспекторат. Тим од 13 обвинители ја водат истрагата, со која се сослушани над 300 сведоци. Обвинителството најпрвин поведе постапка против 27 физички  и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. 

Со новата истрага и таа на обвинителството за организиран криминал со која беа опфатени седум полициски службеници во истрагата за трагедијата во Кочани се опфатени 52 физички и три правни лица. 31 од нив се во ефективен притвор – за четворица се чека да заврши жалбената постапка.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Радикален потег на „Олд Трафорд“: Му ги уништија соништата поради Онана, а сега даваат богатство да го донесат

Следно

Остри реакции по вчерашниот руски напад врз Украина

Latest from Blog

Раст на цените, закани од Владата: Колку се ефективни мерките?

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги предупреди трговците дека ако продолжат со непочитување на владините мерки за контрола на цените, ќе бидат применети поригорозни мерки. Во случај на значителни поскапувања

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија

Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се

Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција. – Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на

Ниту Анчелоти, ниту Алонсо, Реал со привремен тренер ќе игра на Светското клупско првенство!

Реал Мадрид ќе прави тренерска смена во текот на летото, но главниот стратег нема да пристигне пред Светското клупско првенство, а на кормилото нема да биде ниту Карло Анчелоти. Анчелоти и Реал

Израел не сака да присуствува на расправата на МСП за неговите хуманитарни обврски кон Палестинците

АНКАРА (АА) – Израел денес го обвини Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „антисемитизам“, велејќи дека нема да присуствува на расправата за неговите обврски да ја обезбеди итно потребната хуманитарна помош за
Go toTop