Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери

October 9, 2024
1 min read

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на седница одлучија да останат исти коефициентите за утврдување на плата на Претседателот на Република Северна Македонија, на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и на функционерите кои ги избира и именува Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски образложувајќи  ја предлог-одлуката нагласи дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на државна Комисија за одлучување во управна постапки и постапка од работен однос во втор степен, потребно е да се направат соодветни терминолошки усогласувања во оваа одлука.

-Станува збор за измени во насловот на претседател, заменик-претседател и член на државната Комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. Притоа, коефициентот утврден со оваа одлука останува ист поради престанок на важење на Закон за основање на државна Комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочната постапка, точките од одлуката во која се определени коефициенти на претседателот, заменик-претседателот и член на државната Комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекциски надзор и прекршочната постапка се бришат, рече Сајкоски. 

Комисијата го разгледа и изгласа барањето поднесено од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска за одобрување на надоместок на трошоците поради одвоен живот од семејството. Исто така, членовите го разгледаа и изгласаа барањето на пратеникот Миле Цеков за закупнина на стан. Ја изгласаа и Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Исто така, членовите на Комисијата ја утврдија новата Предлог-одлука за именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор. Комисијата го разгледа и изгласа барањето на Владимир Георгиев поранешен член на Државната комисија за спречување на корупцијата за испратнина при заминување во пензија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије прави сѐ за да ги залечи раните од поплавите во Босна и Херцеговина

Следно

Трајков ја отвори конференцијата за Младинско вработување во Битола

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop