Ердоган: Туркије прави сѐ за да ги залечи раните од поплавите во Босна и Херцеговина

October 9, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Туркије ќе продолжи да ја поддржува Босна и Херцеговина по смртоносните поплави што ја погодија земјата минатата недела, јавува Анадолу.

Туркије „правеше и прави сѐ за да ги залечи раните на нашите браќа и сестри“ во Босна и Херцеговина по разорните поплави, изјави Ердоган во обраќањето на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) во Анкара.

„Со божја помош, нема да ги оставиме сами нашите браќа и сестри во Босна, како што не сме ги оставиле сами и досега“, порача турскиот претседател и додаде: „Ќе продолжиме на најдобар начин да се грижиме за аманетот што ни го остави покојниот Алија Изетбеговиќ, држејќи нѐ за раце во болница пред да го испушти последниот здив.“

Во текот на изминатата недела катастрофални поплави и свлечишта ги погодија подрачјата на Јабланица, Коњица, Кисељак, Фојница и други места низ Босна и Херцеговина, при што беа изгубени најмалку 21 живот и беше предизвикана голема материјална штета. Исто така, десетици лица се водат за исчезнати.

Туркије, преку свои различни институции и организации, им дава помош на погодените уште од првите денови од поплавите.

Во понеделникот турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, заедно со придружна делегација, ја посети областа погодена од поплавите во Босна и Херцеговина, каде што вети континуирана поддршка од Анкара за земјата.

– „Израел е ционистичка терористичка организација“ –

Турскиот претседател Ердоган во своето обраќање рече дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.

„Историјата никогаш нема да им прости на оние што му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени, цивили.“

Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „илузија за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување.

Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог посочувајќи: „Со оглед на атмосферата во нашиот регион, ние сметаме дека треба повеќе да разговараме, потребно ни е помирување.“

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатата година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени над 42.000 луѓе, главно жени и деца, а повеќе од 97.700 се повредени.

Поради израелските напади раселено е речиси целото население на Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вимблдон ги „укина“ линиските судии за прв пат во историјата

Следно

Останува ист коефициентот за утврдување на плата на именуваните и избрани функционери

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop