Османи: Преку Министерскиот совет на ОБСЕ Скопје ќе биде центарот на светот за клучни геополитички одлуки

November 6, 2023
1 min read

реклама


Министерскиот совет на ОБСЕ, кој од 29 ноември до 1 декември ќе се одржува во Скопје, е најголемиот настан во историјата на Северна Македонија и по димензија и по значење за државата.

Очекуваме Скопје да биде домаќин на 76 делегации од 57 држави-учеснички во ОБСЕ и партнерите на ниво на министри за надворешни работи и високк претставници од меѓународните организации или повеќе од 1000 претставници на делегациите и партнери на ОБСЕ.

реклама

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите на кој ги претстави деталите за организацијата на 30-от  Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во салата „Борис Трајковски“ која специјално ќе биде адаптирана и уредена за да може да ги прими високите делегациите кои ќе присуствуваат на овој најголем меѓународен политички настан кој се организира во државата.

„Во својата суштина овој Министерски совет е исклучителен затоа што за прв пат ОБСЕ се наоѓа пред еден од најголемите предизвици во историјата на нејзиното постоење како последица на руската воена агресија во Украина што предизвика немање на консензус кој е клучен за носењето на одлуки во Организацијата“, рече Османи.

реклама

Зборувајќи за клучните теми кои ќе се дискутираат на Министерскиот совет, како што избор на Претседавач со ОБСЕ за 2024 година, усвојување на буџетот како и именување на челните позиции на институциите на ОБСЕ и одлуките што земјите-учеснички ќе треба да ги донесат, Османи потенцираше:

„Најверојатно одлуката за иднината на ОБСЕ ќе се донесе токму во оваа сала. Министрите ќе бидат седнати токму тука и ќе се донесе одлуката за иднината на ОБСЕ. Скопје на некој начин да биде центарот на светот каде што министрите на најголемите држави во светот ќе имаат можност во текот на тие три дена да имаат и билатерални средби и да комуницираат по однос на прашањата што го засегаат регионот на ОБСЕ“.  

реклама

Министерството за надворешни работи година и половина работи на подготовка на Министерскиот совет по строго определени протоколи од страна на ОБСЕ и во оваа организација се вклучени и другите државни институции, рече Османи.

Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во јануари 2023 година. Претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација е фокусирано на теренските операции на ОБСЕ и придонесот кој тие го имаат во подобрување на животот на луѓето и соработката со националните институции. Под слоганот „За луѓето се работи“, Претседавањето на Северна Македонија е посветено на хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност.

Министерот Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ оствари голем број на теренски посети во земјите-учеснички во ОБСЕ почнувајќи од Украина, како врвен приоритет за Организацијата и за Претседавањето, понатаму земјите од Јужен Кавказ, Западен Балкан, како и земјите од Централна Азија.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИФИЛ: Нападите врз цивилите во Либан од страна на Израел претставуваат воено злосторство

Следно

Америка тивко го наоружува Тајван до заби

Latest from Blog

Божиновска: Партнерството со Австрија отвора нови можности за студенти и професори

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека партнерството меѓу Северна Македонија и Австрија носи нови можности за развој, иновации и вклучување на младите во енергетскиот сектор. На настанот

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани – март со 346,12 милиони денари промет (02–31.03.2026)

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 02.03.2026–31.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 1.549 трансакции со вкупен промет од 346.116.493 денари и количина

Општина Битола објави оглас за прибирање на понуди за поставување на урбана опрема

Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 15.04.2026 до 15.10.2026 година. Локација за поставување на урбана oпpeмa: вкупно 4 (четири)

Македонските здруженија од Тирана и Подгорица потпишаа меморандум за соработка

Македонско друштво “Илинден“-Тирана преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружение „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, преставувано од Потпретседател Адвокат Никола Ангеловски, со цел промоција на

Во близина на Белата куќа е поставена огромна златна тоалетна школка: Почит за визионерот Трамп (ВИДЕО)

Инсталацијата се состои од пиедестал направен од вештачки мермер, на кој Трамп е голем обожавател, а златна тоалетна школка е поставена во средината. „Простон достоен за крал“, пишува натписот над него. „Во
Go toTop