Османи: Политичката поларизација и блокадата на парламентот се главните слабости што ги констатира извештајот на ЕК

November 8, 2023
1 min read

Министерот за надворешни работи додаде дека ова не е порака само до Владата, туку и до опозицијата, која, како што рече, со години преку филибастеринг го блокира парламентот единствено поради партиско-политички дневен интерес и со тоа, како што вели, не го дозволува носењето важни законски решенија

Според она што јас го имам како информација од извештајот е дека во суштина слабостите што ги констатира Европската комисија (ЕК) се политичката поларизација и блокадата на парламентот каде што се носат законски и реформски решенија. Ова на денешната прес-конференција го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи прашан за своите очекувања во врска со извештајот на Комисијата за напредокот на С Македонија.

Бујар Османи, министер за надворешни работи

„Јасно во извештајот вели дека политичката поларизација и блокирањето на парламентот оневозможува да се донесат голем број на законски и реформски решенија коишто би ги адресирале слабостите коишто евентуално ги констатира ЕК и тоа навистина е сериозна порака до сите политички партии“,

изјави Османи на денешната прес-конференција.

Министерот додаде дека ова не е порака само до Владата, туку и до опозицијата, која, како што рече, со години преку филибастеринг го блокира парламентот единствено поради партиско-политички дневен интерес и со тоа, како што вели, не го дозволува носењето важни законски решенија.

„Во една каузална терапија го лечите проблемот, а не симптомот. Ова што го гледаме како детектирана слабост се симптоми на еден проблем, а проблемот е политичката поларизација, односно обид да се ставаат партиските интереси над државните. Иронија е да се повикувате на борба против корупцијата, а да го блокирате отворањето на поглавјата 23 и 24 кои во суштина се борба против корупцијата. Политичари кои велат ‘сакаме да се бориме против корупцијата, но не сакаме да се отворат поглавјата’ е апсолутно контрадикторно едно со друго и е иронија и е смеење во лицето на граѓаните“

додаде министерот.

Вака шефот на дипломатијата одговори на прашањето во врска со неговите очекувања од годинашниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава.

Вели дека на извештајот на Комисијата треба да се гледа како на укажување на напредокот и на слабостите со цел Владата, но и целокупното општество во целина да ги адресираат тие слабости во годината што следува. А најдобар начин за нивно адресирање, додаде Османи, е преку отворање на кластерите.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Следно

„Долги години по независноста, безбедносните служби беа третирани како инструмент за контрола на политичките противници“

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop