ОСКАРОВСКАТА АКАДЕМИЈА НЕМА ДА ЈА ПОНИШТИ НОМИНАЦИЈАТА НА АКТЕРКАТА АНДРЕА РАЈСБОРО

February 1, 2023
1 min read

Академијата за филмска уметност и наука нема да ѝ ја одземе номинацијата за Оскар на британската актерка Андреа Рајсборо, иако имало загриженост околу кампањата за нејзиниот филм „За Лесли“. Рајсборо како тотален аутсајдер доби номинација за најдобра актерка откако за неа лобираа бројни актери и актерки од холивудската А-листа, при што некои организираа и приватни проекции на филмот.

Оскаровската академија испита дали со ваквата кампања биле прекршени нејзините правила и заклучи дека „тоа не било издигнато на такво ниво за Рајсборо да биде дисквалификувана“.

„Сепак, откривме тактики од кампањата кои предизвикаа загриженост и тоа се решава директно со одговорните страни“, изјави извршниот шеф на академијата, Бил Крејмер.

Тој не ги именуваше одговорните страни, но кажа дека Рајсборо не направила ништо погрешно.

„За Лесли“ е нискобуџетна драма која кога излезе, заработи само 27.000 долари во кината. Рајсборо глуми мајка алкохоличарка која мора да преживува откако потроши голема добивка од лотарија и нејзината изведба дојде во фокус откако бројни филмски ѕвезди почнаа да ја фалат јавно. Се верува дека проблематичниот дел од лобирањето беа објавите на социјалните мрежи кои се осврнуваа и на други можни номинирани актерки, што е забрането.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојкоски на средба со претставници од „Генералка викенд“, најавена нова еко-акција

Следно

Штрајк на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ поради ниски плати

Latest from Blog

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство

На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека
Go toTop