Стојкоски на средба со претставници од „Генералка викенд“, најавена нова еко-акција

February 1, 2023
1 min read

Градоначалникто на Ѓорче Петров Александар Стојкоски оствари средба со организацијата “Генералка Викенд” кои изминатата година реализираа повеќе еколошки акции во повеќе општини во земјаваа, меѓу кои и скопските општини.

– Оваа година на мое огромно задоволство повторно во соработка со “Генералка Викенд”, ќе се организира нова уште поголема еколошка акција, каде на повеќе точно утврдени локации ќе се чисти џебниот отпад, но и кабастиот отпад кој ќе се одлага на неколку локации во Ѓорче Петров, од каде што отпадот ќе биде складиран од страна на Комунална Хигиена – Скопје, информираше првиот човек на општината. 

 Новитет оваа година е тоа што сите кои што ќе учествуваат во акцијата ќе можат директно да се вклучат на live stream-от кој ќе биде активен на фејсбук страната на “Генералка Викенд” во текот на целиот ден, се со цел да може да се прикаже колку активисти во ист момент чистат на многу локации во Скопје и другите градови.

 Оваа еколошка акција се планира да биде реализирана вториот викенд од месец мај.

– Одлична придобивка за нас како општина е тоа што за секои 10 килограми собран отпад, ќе добиеме едно дрво кое што ќе го засадиме на некоја локација. Да го рециклираме отпадот и да ја сочуваме животната средина!, порача Стојкоски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дводневен штрајк на актерите во Грција

Следно

ОСКАРОВСКАТА АКАДЕМИЈА НЕМА ДА ЈА ПОНИШТИ НОМИНАЦИЈАТА НА АКТЕРКАТА АНДРЕА РАЈСБОРО

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop