Орбан: Светот никогаш не бил толку блиску до трета светска војна

March 10, 2023
1 min read

Светот никогаш не бил толку блиску до претворање на локална војна во светска војна. Веројатноста за тоа се зголемува од ден на ден, рече Орбан

Се зголемува веројатноста војната во Украина да се претвори во глобален конфликт, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Говорејќи на државното радио „Кошут“, унгарскиот премиер ги критикуваше западните лидери и ги обвини сојузниците на Украина дека го промовираат конфликтот поради економски интереси.

„Светот никогаш не бил толку блиску до претворање на локална војна во светска војна. Веројатноста за тоа се зголемува од ден на ден“,

рече Орбан.

Унгарскиот премиер, исто така, без никакви докази, рече дека сојузниците на Киев би можеле да испратат војници да ѝ помогнат на Украина која се бори против инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин.

„Многу е веројатно, предлогот од сојузниците, нивните војници да ја преминат границата, да стане сериозен“,

рече тој.

Орбан, кој негуваше блиски односи со Кремљ во изминатата деценија, беше на удар на критики во текот на изминатата година за промовирање на рускиот наратив за војната.

Унгарската влада, пак, од друга страна, тврдеше дека е за итен прекин на огнот затоа што мирот на европскиот континент е приоритет, пишува Политико.

Во интервјуто за радиото, унгарскиот лидер инсистираше на тоа дека неговата позиција ја споделуваат и други низ светот, вклучително и Кина, арапскиот свет и Африка.

„Постои Запад и останатите,“

рече Орбан.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Левандовски сака да остане во Барселона

Следно

Германија: Заложничка криза во аптека во Карлсруе

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop