Левандовски сака да остане во Барселона

1 min read

Полскиот напаѓач во редовите на Барселона, Роберт Левандовски (34), рече денеска оти се надева дека уште долго ќе остане во каталонскиот клуб.

Левандовски, кој дојде од Баерн Минхен е водечки стрелец сезонава во Ла Лига со 15 голови, а уверен е дека и натаму може да игра на врвно ниво.

„Не размислувам колку долго ќе останам во Барселона. И натаму мислам дека можам да играм уште неколку години на високо ниво, но не знам колку. Сигурен сум дека нема да биде една или две, туку повеќе. Се надевам дека ќе останам тука многу години. Сега го разбирам значење на слоганот – Повеќе од клуб (Mes que un Club)“, изјави Левандовски за Барса Магазин.

Барселона е првопласирана на табелата во шпанското првенство со девет бодови предност пред второпласираниот Реал Мадрид.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Стојаноска: За шест години власта ништо не направи за справување со корупцијата напротив таа е главна улога во креирањето на коруптивен систем во Македонија

Следно

Орбан: Светот никогаш не бил толку блиску до трета светска војна

Latest from Blog

Министрите Петровска и Кросето ќе потпишат Технички договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за