Орбан: Ако Украина стане членка на ЕУ, ќе ги апсорбира сите наши пари

May 23, 2025
1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија сака да ја задржи Украина надвор од Европската унија бидејќи, како што рече, членството на Украина во ЕУ би значело дека земјата „ќе ги апсорбира сите пари на Унгарија“.

Во интервју за јавното радио, Орбан рече дека западните лидери одлучиле да постигнат договор со Украина за одржување на армија од околу еден милион војници, чии трошоци ќе ги покриваат европските земји, пренесе МТИ.

Унгарскиот премиер додаде дека „наместо да ги зајакне сопствените вооружени сили, Западна Европа и плаќа на Украина за нејзините платеници“.

Според него, ова може да претставува сериозен безбедносен ризик за Европа, бидејќи на крајот може да се финансира армија чии намери „нема секогаш да бидат пријателски или барем нема да има гаранција дека тоа ќе биде така“.

– Членството на Украина во ЕУ е поврзано со тоа, бидејќи е многу полесно да се носат финансиски одлуки во корист на Украина ако таа земја е членка на ЕУ, отколку ако не е – рече Орбан и додаде дека Унгарија, заедно со другите централноевропски земји, ќе ја плати цената на пристапувањето на Украина во Унијата.

Премиерот ги повика Унгарците да гласаат на референдумот во 2025 година, кој ќе се занимава со прашањето за потенцијалното членство на Украина во ЕУ.

– Да не дозволиме други да одлучуваат наместо нас – нагласи тој во апелот до граѓаните.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија три дена под масовен напад со дронови

Следно

Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите што ги дале не патувале надвор од државата

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе
Go toTop