Општина Ѓорче Петров домаќин на Бадниковата поворка

January 5, 2024
1 min read

Општина Ѓорче Петров годинава повторно ќе биде домаќин на дечињата кои ќе земат учество во Бадниковата поворка и ќе ни донесат голема радост пред христијанскиот празник Божиќ, раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос напиша Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на социјалните мрежи.

-“Дечињата со весели коледарски песни ќе го најават празнувањето на големиот ден во христијанството, а ние ќе ги даруваме коледарчињата со бадникови пакетчиња, како што е традицијата. Учесниците од Ѓорче Петров ќе се соберат пред црквата „св.Петар и Павле“ во 09:30 часот од каде ќе дојдат пешки до Општина Ѓорче Петров, по што со организиран автобуски превоз ќе продолжат кон градскиот плоштад и ќе се соединат со сите останати учесници од другите општини. По завршување на поворката, децата ќе бидат вратени во Општина Ѓорче Петров со истиот организиран превоз“, пиша Стојкоски

Тој притоа упати апел каде ги повика граѓаните кои имаат желба со своите дечиња да бидат дел од Бадниковата поворка и заеднички да се радуваат на денот што доаѓа.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следете во живо: Изјава на Александар Тасевски претседател на синдикатот на М-НАВ

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 22.600

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop