Грабеж во Куманово, првин се судриле со возила, па пукале и одзеле пари од кумановец

March 16, 2024
1 min read

Неколку лица со џип првин предизвикале судир со автомобил на кумановец, па пукале, му одзеле торба со пари и го запалиле возилото, вечерва на улицата „Доне Божинов“ накај кумановската населба Карпош, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 20:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Доне Божинов“ во Куманово патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С. (63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило „пасат“ и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.ТППЕ Куманово потврди дека гасела опожарено возило на улицата „Доне Божинов“.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Ќе ја зајакнеме нашата одбрана и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина

Следно

Олимпијакос го договори Фал до 2027 година

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop