ОЈО: Досега не е примена кривична пријава поднесена од Хајрулахи

March 5, 2025
1 min read

До овој момент не е примена кривична пријава поднесена од вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, а доколку биде, ќе биде распоредена кај надлежен јавен обвинител, информира Основното јавно обвинителство. 

Хајрулахи е суспендиран од раководната позиција во Вишото обвинителство Скопје, по поднесена кривична пријава заради основано сомнение за сторено продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата, како и за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик“, а Советот на јавни обвинители, ја отфрли неговата жалба со која бараше укинување на одлуката за негово оддалечување од функцијата, донесена од државниот јавен обвинител Коцевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије го поздрави усвојувањето на планот за обнова на Газа на самитот на Арапската лига

Следно

Норвешки Нобелов институт: Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop