Одбројуваме до саботното музичко цунами- концертот на ЈЕЛЕНА РОЗГА

February 5, 2024
1 min read

Сабота 10 февруари е датумот и денот резервиран за најголемиот аудиовизуелен настан во месецот на љубовта и виното – концертот на најголемата музичка ѕвезда во регионот Јелена Розга.

Организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во нивната лабораторија веќе се подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што деновиве треба да пристигнат во Скопје.

Концертот е во склоп на турнејата „Минут срца мог“ на Розга во чии рамки веќе имаше неколку спектакуларни гостувања во регионот.

Дека хрватската поп ѕвезда ќе ја видите во сосема поразлично издание и дека ќе уживате во вистински спектакл доволно зборува тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, потоа секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника. Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови.

Јелена Розга, миленичката на сите генерации на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата. Затоа подгответе се за вистинско музичко цунами, многу емоции и еден несекојдневен настан што дефинитивно ќе ви разгали сетилата.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет, а која важи за оние од другите градови ширум земјата, односно за фановите од Струмица, Радовиш и Штип. Благодарение на Евентум и ТА Нова травел, а поради големиот интерес, превозот од овие градови до Скопје и назад заедно со влезница за партерот чини 1700 денари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Реал бесни по дербито: Сметаат дека се оштетени за дури три пенали!

Следно

Најдобрите и најлошите денови во февруари според астрологијата

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop