Одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот и денот на Европа

1 min read

Во Москва денеска се одржува традиционалната воена парада во знак на сеќавање на советската победа во втората светска војна. Парадата на црвениот плоштад ја следеше и рускиот лидер Владимир Путин кој неделава беше инагуриран за нов петти мандат.Тој на денот на победата предупредува на можноста од глобален судир.

Ги обвини западните елити дека заборавиле на одлучувачката улога што советскиот сојуз ја одигра во поразот на нацистичка германија и поттикнувањето конфликти низ светот.

– Знаеме до што води неумереноста во ваквите намери. Русија ќе направи се за да спречи глобален конфликт. Нема да дозволиме никој да ни се заканува.Нашите стратешки сили се секогаш во состојба на борбена готовност. – рече Путин.

На воената парада во центарот на Москва маршираа 9000 војници, меѓу нив и војници кои во изминатите месеци се бореле во Украина. Беа прикажани и оклопни возила и друга воена техника. Традиционални паради вообичаено има и на други места во Русија, но годинава тие се откажани во многу градови поради безбедносни причини. Естонската полиција пак во пресрет на денот забрани јавни собири со употреба на забранети симболи или изрази на поддршка за Руската Федерација на 9 мај.

– Полицијата не забранува комеморација на загинатите, но поддршката за агресија е забранета. Затоа се забранети јавни собири, маршеви и други собири на луѓе кои користат забранети симболи или изразуваат поддршка за воените злосторства на Русија. – рече Индрек Пуви шефот на полицискиот оддел на градот Нарва.

Советскиот Сојуз изгуби 27 милиони луѓе во Втората светска војна, многу од нив во Украина, за на крајот да ги истурка нацистичките сили назад во Берлин, каде Хитлер изврши самоубиство. Црвеното советско знаме на победата беше подигнато над Рајхстагот во 1945 година. Безусловната капитулација на нацистичка Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај 1945 година, а во Франција, Велика Британија и САД се слави како „Ден на победата во Европа“. Во тоа време, во Москва веќе беше 9 мај, што подоцна стана „Ден на победата“ во Советскиот Сојуз во таканаречената Голема патриотска војна од 1941-45 година.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

„Туркиш ерлајнс“ превезе седум милиони патници во април

Следно

Честитки за победата на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Најмногу дожд во Берово

Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово, 14 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива