Честитки за победата на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

1 min read

Неполни три часа по затварањето на избирачките места, стигнаа и првите честитки за новата претседателка на Македонија.

Успешен мандат на Силјановска Давкова прв и посака Александар Вучиќ, порачувајќи дека очекува во иднина уште повеќе да се засили соработката меѓу двете соседни држави.

„И честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија за таа цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион.“ – рече Вучиќ.

Порака дојде и од Будимпешта. После изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и успехот на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, унгарскиот премиер Виктор Орбан очекува успешна соработка во иднина.

„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на претседателските и парламентарни избори! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ! “ – рече Орбан.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји пак порача дека со новата влада очекува заедно да работат за да се забрзаат потребните реформи и земјата да ги придвижи преговорите со Унијата.

„Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво.“ – рече Вархеји.

Утрово и амбасадор на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова а успех и посака и Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

„Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатлантска интеграција на оваа земја.“ – рече Агелер.

Честитки но и остри пораки стигнаа и од Софија. Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека за многу кусо време ќе се знае дали Македонија сака да оди кон Европа додека пак премиерот и министер за надворешни работи Димитар Главчев, јасно зтави до знаење дека ако земјава не ги исполни условите, тешко дека ќе стигне до членство во Унијата.

Изборите и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, беа тема и во соседна Грција каде медиумите главно анализираа што ќе значи доаѓањето на власт на опозициската партија и дали ќе има промени во односите меѓу Атина и Скопје.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Одбележување на 9 мај, Денот на победата над фашизмот и денот на Европа

Следно

Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава

Latest from Blog