Од отпад до уметничко дело: Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025

February 22, 2025
1 min read

Секој отпад не мора да биде ѓубре! Пакомак ве повикува да ја истражите вашата креативност и да го испратите вашето уметничко дело направено од амбалажен отпад на овогодинешниот награден конкурс Trash for Art.

Trash for Art 2025 е отворен за сите деца и возрасни, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта и 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари). Оваа година ќе биде доделени и специјални награди од Нула Отпад ДОО Скопје за скулптура направена од електронски отпад, со идентичен награден фонд за прво, второ и трето место како и во другите категории.

Испратените дела треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи не повеќе од 150 см. За уметничките дела од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии.

Конкурсот трае од 20.2.2025 до 12.3.2025 година. Сите скулптури ќе треба да се достават или испратат по карго служба во Лабораториум, на Булевар Климент Охридски бр. 68 во Скопје на 11.3.2025 или 12.3.2025 помеѓу 10 до 18 часот. Одбраните дела од секоја категорија ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 14.03.2025 година, најдоцна до 16 часот.

Важно е да се напомене дека еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда. Пријавата за учество се пополнува при предавањето на делата и не е потребно претходно пријавување. 

Повеќе информации на www.pakomak.com.mk  и на страницата на „Facebook“ страницата https://www.facebook.com/Pakomak.mk      

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Поранешниот претседател Пендаровски се сретна со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј

Следно

Од ДУИ велат на министерот Меџити му се одземени надлежностите – министерството за администрација демантира

Latest from Blog

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете

Божиновска: Реформите остануваат во фокусот – продолжуваме со транспарентна и одговорна реализација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг
Go toTop