Од ДУИ велат на министерот Меџити му се одземени надлежностите – министерството за администрација демантира

February 22, 2025
1 min read

Од синоќа, но и рано утринава, Демократското движење најави прес-конференција на која, според најавата, се очекуваше изјава да даде лидерот на партијата, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Еден час по оваа објава, опозициската ДУИ излезе со соопштение во кое се наведува дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност“ од страна на министерот за животна средина, Изет Меџити и неговиот кабинет и како што пишуваат од ДУИ, на Меџити му се одземени овластувањата и се пренесени на Управата за животна средина и институцијата е ставена под контрола на директор назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

По ова, на прес-конференцијата што ја најави ДД, наместо Меџити се појави Башким Хасани, кој не одговори на обвинувањата на ДУИ.

-Косовската компанија денес ни овозможи прекрасна обука, затоа тоа не измори и физички и психички и сме фокусирани само на обуката. Што се однесува до политичките работи, верувам дека ќе има изјави во наредните денови, изјави Башким Хасани, претставник на Демократско движење.

На изјавата на ДУИ реагираше Министерството за животна средина. Во целиот одговор никаде нема демант или појаснување за она што го тврди ДУИ, но реакцијата е политичка, пишувајќи дека ДУИ не може да се помири со фактот дека албанскиот народ им ги презеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција.

Но со демант излезе Министерството за администрација од каде велат дека ДУИ шири лаги и ја дезинформира јавноста, бидејќи Државниот управен инспекторат нема ингеренции за одземање на надлежности на министри, ниту за водење истраги за корупција.

На крајот Министерството за јавна администрација уверува дека преку Државниот управен инспекторат, нема да дозволи политички структури да го злоупотребуваат системот за свои дневнополитички цели.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од отпад до уметничко дело: Пакомак го распиша конкурсот Trash for Art 2025

Следно

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Latest from Blog

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на

Рударството е ‘рбетот на суверенитетот“: Бугарија се фали со ново наоѓалиште на бакар, Македонија го остава неискористен потенцијалот на Иловица

Додека Бугарија објавува ново значајно златно-бакарно откритие во близина на рудникот Челопеч, во Северна Македонија и натаму останува неискористен потенцијалот на веќе истражениот проект „Иловица – Штука“. Лабораториските анализи на новото бугарско

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски
Go toTop