Од март ново зголемување, минималната плата над 20.000 денари- уверува СДСМ

February 27, 2023
1 min read

СДСМ преку одговорни, ефикасни и навремени економски политики и предвреме ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните. Минималната плата од наредниот месец се зголемува за над 2.000 денари на 20.175 денари, велат од СДСМ.

-Со ова една и пол година предвреме, СДСМ го оствари ветувањето дадено пред граѓаните во 2020 година за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.

Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализирано е уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари.

28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата се искачи на 34.364 денари.

Ветувањата за минимална плата над 20.000 денари и просечна плата над 34.000 денари се остварени во време на економска, енергетската и постковид криза, стои во нивното партиско соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Републиканците во САД бараат лојалност од членовите кои учествуваат во изборните дебати

Следно

Три основни училишта и една градинка во Чаир ќе добијат фотоволтаици

Latest from Blog

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу

МБИ10 со пад од 0.19% – Банкарскиот и фармацевтскиот сектор во фокус на берзанската активност на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 17 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,19% и затвори на 10.154,21

Проданоски: Прилеп отворен за нови инвестиции и партнерства

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции. На средбата, Проданоски
Go toTop