Од 1 јули се најавува враќање на евтината дневна тарифа, но и можно зголемување на ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто

May 26, 2023
1 min read

Вицепремиерот Битиќи најавува дека се прават последните анализи и можно е од 1 јули да се врати евтината дневна тарифа, но и ДДВ за струјата да се зголеми од 10 на 18 отсто, но без притоа товарот да падне целосно кај граѓаните

Од 1 јули граѓаните најверојатно ќе имаат можност повторно да користат евтина дневна тарифа на електрична енергија, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој денеска во интервју за утринската програма на телевизија Телма рече дека се прават последните анализи за тоа дали може да се врати евтината дневна тарифа,

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули. Цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри“,

рече Битиќи.

Враќањето на евтината дневна тарифа за електрична енергија не е единствената вест што ја најави Битиќи. Тој рече дека се прават анализи и можно е од 1 јули да се врати ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто.

„Кога пред една и пол година донесовме мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза, една од мерките беше намалување на стапката на ДДВ на 10 отсто. Тогаш најавивме дека таа постепено ќе се враќа на 18 отсто затоа што не сакаме да нанесеме штета на приходната страна во буџетот. Сега се прават последните анализи дали ќе остане на 10 отсто или ќе се врати на 18 отсто, без притоа товарот да падне целосно кај граѓаните“,

рече Битиќи.

Тендерот на почетокот на јуни го објавува „ЕВН хоум“, а ЕСМ доаѓа со предлог каква цена ќе понуди. На крајот на јуни, рече Битиќи, Регулаторната комисија за енергетика ќе може да ги дефинира новите цени за тарифите од 1 јули.

Во овој момент, според Битиќи, не може да има конкретен одговор каква ќе биде цената на струјата од 1 јули.

„Има уште месец и половина до тогаш, а тоа време значи многу во овој сегмент затоа што ние не зависиме само од домашното производство на електрична енергија. Зависиме од цените кои се движат на берзата. Тоа е процес, но мислам дека како што беше последната година и половина ќе биде исто, а одлуките ќе бидат донесени во полза на граѓаните за тие најмалку да ја почувствуваат кризата“,

рече Битиќи.  

Потпретседателот Битиќи истакна и дека по првпат во независноста сериозно се работи на Национална стратегија за развој која треба да го трасира патот по кој државата треба да се развива.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски нафта и гас не прекинаа да течат преку Украина

Следно

„Марка“ објави кога Белингам ќе потпише за Реал Мадрид

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop